Brexit ќе ја чини Британија повеќе од 55 милијарди фунти | Правдико

Правдико

   

Brexit ќе ја чини Британија повеќе од 55 милијарди фунти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), односно Brexit, државата до 2030-та година ќе ја чини повеќе од 55 милијарди фунти, тврдат од британскиот Институт за истражување на јавна политика, пренесуваат британските медиуми.

brexit-1

Од Институтот навеле дека Велика Британија поради Brexit ќе претрпи постојано негативни последици кои ќе се одразат со пад во животниот стандард, влошување на услугите и помалку инвестиции. Приходие на просечното британско семејство сега годишно ќе се намалат за околу 1.700 фунти, покажала анализата на британскиот Институт.

Се најавува и драстичен пад на вредноста на фунтата, која моментално чини 1,17 евра, а веќе од следната година ќе падне на 1,16 евра. Институтот најавува дека до 2030-та година, двојно ќе се зголеми бројот на луѓе на кои ќе им треба социјална помош и дека Велика Британија за ова ќе мора да издвои повеќе од 13 милијарди фунти.

Аналитичарите од Институтот исто така прогнозираат дека бројот на населението со „обоена кожа“ до 2030-та година ќе се зголеми на 21 отсто, а 20 години подоцна веќе на 33 отсто од вкупниот број на населението на Велика Британија. Од Институтот додаваат дека оваа промена ќе доведе до „преобликување на Велика Британија, често и на радикални начини“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико