Правдико

   

Брисел и Западен Балкан договорија краткорочен план за справување со бегалците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лидерите на Европската унија на синоќешниот состанок со земјите од Западен Балкан, во Брисел, усвоија 17 точки кои се дел од краткорочниот план за справување со најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и германската канцеларка Ангела Меркел, сепак, истакнаа дека особено е важно долгорочно да се реши причината за кризата.

eu_zname

Со акциониот план се препорачува Македонија итно да почне со имплементација на билатералните мерки за градење доверба и да се засили граничната соработка со Грција. Исто така, се повикуваат македонските власти, како и Грција и Албанија, да ја засилат контролата на надворешната земјена граница. Агенцијата Фронтекс ќе треба да ѝ помогне на официјална Атина во регистрацијата на бегалците и на мигрантите што не се регистрирани. Во документот, исто така, се предвидува „засилена посветеност на УНХЦР на границата меѓу Грција и Македонија”.

Лидерите договорија долж патот на мигрантите од Грција, преку Западен Балкан и членките на Унијата да се воспостават 100.000 места за згрижување бегалци во текот на зимата, од кои 50.000 места ќе бидат на Западен Балкан.

На состанокот е предвидено на Словенија во рок од една недела да ѝ бидат испратени дополнителни 400 полицајци од земјите во ЕУ за да се заостри надзорот на надворешните граници на Унија, како и воспоставување на жешки контролни точки за утврдување кои од мигрантите се бегалци од војните, а кои се економски.

За претседателот Ѓорѓе Иванов, Македонија е подготвена за сите сценарија.

– Кооперативни сме да бидеме транзит-зона, бегалците да приоаѓаат и да не остануваат. Се надеваме дека нема да дојде до затворање на границите. Затоа е и свикан овој состанок, за да се најде решение. Се разговара за можни солуции и Македонија затоа учествува. За жал, не сме во ЕУ, но мора да имаме информации за да се справиме со сите предизвици со кои се соочуваме во однос на бегалците – рече Иванов.

Извор: Мета

Партнери на Правдико