Брисел со план од седум точки ќе се бори против тероризмот | Правдико

Правдико

   

Брисел со план од седум точки ќе се бори против тероризмот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија во Стразбур претстави амбициозен план за сузбивање на тероризмот и екстремизмот, што бара зајакната соработка меѓу земјите-членки и поголеми овластувања за Европол.

EC228E334653C14E96FE4C77293042EB

Планот од седум точки, претставен од првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и комесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, предвидува низа мерки против радикализацијиата на младите лица и сузбивање на терористичката пропаганда во соработка со интернет компаниите.

– Време е ние Европпејците да преземе заеднички мерки за нашите граѓани да се чувствуваат побезбедно, истакна Тимерманс, додавајќи оти при изработката на планот посебно внимание било посветено на европските вредности, како што е заштита на човековите права.

Аврамопулос наведе дека нема безбедност без слобода ниту слобода без безбедност.

– Ова не е само одговор на ЕУ на неодамнешните трагични случувања, туку обнова на заедничката стратегија за безбедност, истакна Аврамопулос.

ЕК предложи и пресекување на текот на парите за финансирање на терористички акции со формирање на посебна финансиско-разузнавачка единица во рамките на Европол и создавање на единствена европска база на податоци за сопствениците на лично оружје.

Во Европол треба да бида формиран и Антитерористички центар кој ќе им помага на националните служби за безбедност подобро да се координираат и да разменат податоци.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико