Брисел: Војниците на улиците ќе ги заменат припадници на федералната полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од септември војниците на улиците низ Брисел ќе ги заменат припадници на федералната полиција. Федералната полиција ќе ја преземе должноста во септември, најави во изјава за медиумите министерот за одбрана на Белгија.
Војниците беа ставени да патролираат низ улиците на градот по неколкуте терористичките напади во Брисел во 2016 година.
Според министерот за одбрана, промената нема да ѝ наштети на безбедносната ситуација. Тој исто така истакна и дека војниците ќе продолжат да патролирааат на стратешките точки, меѓу кои се и амбасадите и меѓународните институции.
Извор: Макфакс