Брисел: За Хан уставното мнозинство значело широк консензус и широка коалициja
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еврокомесарот Јоханес Хан при употребата на терминот „уставно мнозинство“ во своето вчерашно обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, зборувал за потребата за широк политички консензус и за широка коалициона влада, појасни за „Мета“ портпарол на Европската Унија.
– Комесарот зборуваше за потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, за државата да може ефикасно да се справи со многуте предизвици што претстојат, односно имплементирањето на реформските приоритети и на Договорот од Пржино, а за решавањето на билатералните проблеми е потребна силна посветеност кај сите политички партии – вели портпаролот на ЕУ.
Од Брисел потсетуваат дека главните политички партии во Македонија се заложиле за спроведување на реформите и оти евроатланските аспирации се дел од нивните агенди.
– Сите главни партии се согласуваат со реформската агенда за ЕУ и дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно за оваа заедничка цел, тие, де факто, ќе имаат уставно мнозинство, што е важно за патот на европската интеграција – вели портпаролот на ЕУ.
Извор: Мета