Британец уапсен во Германија дека шпионирал за Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германските власти соопштија дека привеле британски државјанин осомничен дека шпионирал за Русија додека работел во Британската амбасада во Берлин.
Човекот, идентификуван како Дејвид С., бил уапсен на 10 август во градот Потсдам, во близина на Берлин, се вели во соопштението на германското федерално обвинителство.
Во соопштението е наведено дека осомничениот работел во амбасадата на недипломатска позиција.
Британската полиција го потврди апсењето, велејќи дека британскиот државјанин бил приведен под сомнение дека сторил кривични дела поврзани со ангажирање во „активност на разузнавачки агенти“.
Според германското соопштение, осомничениот наводно од ноември 2020 година соработувал со руското разузнавање и барем во една прилика на руските агенти им предал документи поврзани со неговата работа, во замена за финансиски надомест.
Апсењето било резултат на заедничката истрага на германските и британските власти.
Судот треба да одлучи за притворот на осомничениот.
Претходно во јуни германските власти уапсија руски државјанин обвинет за пренос на чувствителни информации од германски универзитет во Москва во замена за парични средства.
Извор: Макфакс