Британија излегува од ЕУ, Камерон ќе си поднесе оставка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.После 43 години Обединетото Кралство, судејќи по резултатите, ќе ја напушти Европската унија. Изборна комисија потврди дека на референдумот Брегзит освои 51,89 отсто од гласовите. Силна поддршка за напуштање на ЕУ имаше од Англија и Велс. Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија треба да назначи нов премиер и ја најави својата оставка. Лидерот на Партијата за независност Најџел Фараж нагласува дека 23 јуни ќе биде запаметен како ден на независноста. Фунтата забележа драматичен пад.
Првите проценки покажуваја дека опцијата за останување во ЕУ ќе победи, но утрото донесе различни резултати од референдумот во кој британците изгласаа напуштање на Европската унија.
Изборна комисија потврди дека врз основа на гласовите во сите 382 локални изборни центри, ЗА излез од ЕУ биле 17.410.742 граѓани, а за останување во ЕУ биле 16.141.241 гласачи, објави Ројтерс.
Сите 382 локални центри претставуваат 380 области во Англија, Шкотска и Велс и по една во Северна Ирска и Гибралтар.
За излез од ЕУ гласаа Англија (53,4%) и Велс (52,5%), додека Шкотска гласаа за останување во ЕУ (62%), Северна Ирска (55,8%) и областа на Лондон.
Право на глас имаа повеќе од 46 милиони гласачи, гласањето се одвиваше на тешки временски услови.
Премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе поднесе оставка од октомври, откако на британскиот референдум мнозинство гласаше да ја напушти Европската унија.