Британија ќе ослободи 40 отсто од затворените терористи до крајот на годинава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 40 отсто од терористите осудени и затворени во изминатата деценија ќе се вратат на улиците во Британија до крајот на 2018 година откако отслужија прилично лесни казни, пренесува британски „Дејли експрес“.
Податоците собрани од страна на Советот за изрекување казни и анализирани од левичарскиот либерален „Гардијан“ покажуваат повеќе од 80 од 193 затворски казни изречени за тероризам во периодот од 2007 и 2016 година ќе завршат до крајот на годината, но вистинската бројка може да биде многу поголема бидејќи британскиот затворски систем автоматски ги помилува криминалците откако ќе отслужат половина од казната.
Така, на пример, проповедникот на радикалниот ислама, Анџем Чудари, беше затворен на пет и пол години поради повикот муслиманите да ја поддржат Исламската држава во септември 2016 година, но, всушност, ќе биде меѓу 80-те терористите ослободени до крајот на годинава.
„Терористичките затвореници пуштени на условна слобода ги оптоваруваат ресурсите и на специјалистичките противтерористички детективи и на стандардната полиција. Процесот на управување со ризици се користи за следење на оние кои се на условна слобода, а следењето на високоризичните престапници е исклучително интензивно. Поранешните осудени терористи претставуваат загрижувачки ризик за МИ5 и за контратерористичкото полициско работење. Разузнавањето често е недоволно за да се утврди дали тие повторно имаат намера да го извршат делото. Оние што имаат намера да го повторат делото често се притајуваат извесен период по ослободувањето кога знаат дека се под засилен надзор,“ вели Ричард Волтон, кој пет годинија водеше антитерористичката команда на Скотланд Јард.
„Напо“, синдикатот на службениците за условна слобода, исто така, изрази загриженост поради капацитетот на нејзините членови за адекватно следење на напливот од поранешни терористи кои излегуваат од затвор и се мешаат со пошироката јавност.
„Нашите служби се презафатени и немаат доволно вработени што резултира со огромни притисоци врз нив за да извршат исклучително предизвикувачка работа”, предупреди генералниот секретар на „Напо“, Иан Лоренс.
Извор: Макфакс