Британија се поблиску до референдум за напуштање на ЕУ | Правдико

Правдико

   

Британија се поблиску до референдум за напуштање на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлогот за распишување референдум за членство на Велика Британија во Европската унија ја мина првата пречка во Горниот дом на парламентот, но пратениците предупредуваат дека може да биде отфрлен заради одлагање

11012014102414_britanija

Предлогот поддржан од Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон, мина синоќа „второ читање“ во Домот на лордовите. Коалициските партнери на конзервативците, Либерално-демократската партија и опозициските лабуристи предупредуваат дека предлогот може да биде одлаган и на крај да биде отфрлен. Предлогот мора да биде усвоен во Долниот дом на парламентот до 28 февруари, а заради расправа за амандманите тој датум можно е да не биде испочитуван. Камерон вети референдум за напуштање на ЕУ до крајот на 2017 година ако неговата партија победи на изборите во 2015 година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико