Правдико

   

Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд на Велика Британија треба да се изјасни дали парламентот или министрите имаат овластувања да го отпочнат процесот на напуштање на Европската унија, познат како Брегзит, објави BBC.
Одлуката на судот, која треба да биде соопштена во 09:30 GMT, треба да даде смерници како се активира Членот 50 од клаузулата за излез.

Владата инсистира дека министрите имаат такво овластување, но противниците велат дека парламентот треба да даде зелено светло за почетокм на преговорите кои ќе траат две години.

Доколку судот не ја прифати жалбата на министрите, тие ќе мора да поднесат барање за гласање во парламентот. Во тој случај, пратениците ќе треба да изгласаат закон за активирање на член 50.

Одлуката на Врховниот суд, за која расправаат 11 судии, нема да го поништи резултатот на референдумот, туку ќе одреди кој пат кон напуштање на ЕУ е законит.

Премиерката Тереза Меј рече дека сака да се повика на член 50, писмено известување до останатите членки на унијата во врска одлуката за излез до крајот на март, со што ќе започнат преговорите за условите за напуштање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико