Британската полиција доби ДНК од Асанж за истрага
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британската полиција зема ДНК примерок од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж кој би требало да помогне во истрагата за силување која се води против него.
Властите земале примерок од Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој престојува од 2012 година кога од таа земја побара азил за да го избегне соочувањето во Шведска каде е обвинет за силување.
– Асанж покажа документ во кој се вели дека предал примерок од ДНК на британската полиција. Шведска сега ќе го бара тој примерок – рече претставник од амбасадата и наведе дека еквадорски обвинител до средината на декември на шведските власти ќе им испрати официјален транскрипт од сведочењето на Асанж на 14 ноември.
Асанж демантира дека извршил силување и стравува дека шведските власти би можеле да го испорачаат во САД.
Извор: Мета.мк