Британската полиција уапси седум лица по нападот во Лондон | Правдико

Правдико

   

Британската полиција уапси седум лица по нападот во Лондон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седум луѓе се уапсени и на шест локации е извршен претрес во врска со вчерашниот напад во Лондон, соопшти денеска британската полиција.

Според Метрополитен полицијата, напаѓачот дејствувал сам инспириран од меѓународен тероризам.

– Четири лица, меѓу кои и напаѓачот загинаа во нападот. Седуммина од 29-те повредени се во критична состојба, изјави Марк Ровли, заменик шеф на антитерористичка единица при Скотланд јард. Бројката на загинати и повредени беше ревдиирана.

Тој додаде дека нема информации за дополнителна терориристичка закана.

Мерките за безбедност во Велика Британија ќе бидат засилени во следните денови. Дополнителни вооружени полицајци ќе бидат распоредени по улиците.

Меѓу повредените се и тинејџери од Франција, кои биле на екскурзија во Лондон, две лица од Романија и петмина од Јужна Кореја.

Извор: Утрински весник

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико