Британската премиерка Меј ќе го активира Brexit на 29-ти март | Правдико

Правдико

   

Британската премиерка Меј ќе го активира Brexit на 29-ти март

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британската премиерка Тереза Меј на 29-ти март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што и официјално ќе започне процедурата на излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), потврдил нејзиниот портпарол, пренесува британски Guardian.

Постојаниот претставник на Велика Британија во ЕУ, Тим Бароу во понеделникот ја известил Унијата дека Меј на овој датум ќе испрати писмо до останатите 27 членки.

Британската влада потврдила дека Меј има намера да ги посети Северна Ирска и Шкотска пред испраќањето на официјалното известување за почетокот на преговорите со кои Обединетото Кралство ќе излезе од ЕУ.

Извори од британската влада за Guardian во повеќе наврати најавуваа дека Меј до крајот на март ќе превземе мерки за покренување на процедурата на Brexit.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико