Британската влада наскоро со „јасен“ закон за Брегзит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британската влада во следните неколку дена ќе претстави „јасен“ закон за да побара одобрување од парламентот за покренување на постапката за излегување од Европската унија, изјави во вторникот Дејвид Дејвис, министер за британското излегување од ЕУ.
Претходно во вторникот британскиот Врховен суд пресуди дека премиерката Тереза Меј мора да добие одобрување од парламентот пред да го започне процесот на формално излегување на Обединетото Кралство од Европската унија, а владата, иако разочарана, кусо соопшти дека ќе ја прифати донесената одлука.
На оваа највисока британска судска истанца, отфрлени беа, меѓутоа, аргументите дека парламентите во Северна Ирска и Шкотска, каде што гласачите во мнозинство гласаа за останување во ЕУ, како и во Велс каде што заедно со Англија всушност ја донесоа разликата во позла на излегувањето, би требало да дадат своја согласност за активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се регулираат условите за истапување од блокот.
„За неколку дена ќе донесеме закон за владата да добие правна основа и да го активира членот 50. Тоа ќе биде најјасниот можен закон со кој ќе се спроведе одлуката на народот и со кој ќе се испочитува одлуката на Врховниот суд“, изјави Дејвис.
Премиерката Меј во повеќе наврати изјави дека членот 50 ќе го активира до крајот на март, но сега прво мора да бара согласност од законодавците. Тоа нејзината намера би можело да ја забави или промени, иако опозициската Лабуристичка партија порача дека нема да го забавува нејзиниот распоред.
Лабуристите соопштија дека Врховниот суд во вторникот ја натерал владата да го прифати суверенитетот на парламентот, но дека го прифаќаат исходот од референдумот одржан на 23-ти јуни 2016 година.
„Лабуристичката партија го почитува исходот од референдумот и волјата на британските гласачи и нема да го попречува активирањето на членот 50“, изјави челникот на лабуристите Џереми Корбин.
Порача, меѓутоа, дека лабуристите измена на предлог законот за членот 50, за да бидат попречени конзервативците да го искористат Брегзитот и да ја претворат Велика Британија во багателно даночно засолниште на спротивниот брег од европскиот континент.
„Лабуристите од владата бараат план кој ќе гарантира дека владата е договорна пред парламентот во текот на целата постапка на преговарањето, исто така, бара и смислено гласање за да се гарантира дека конечниот договор ќе добие потврда во парламентот“, одаде Корбин.
Минатата седмица Меј ја престави својата преговарачка рамка, ветувајќи „чисто“ разијдување од најголемиот светски трговски блок. Во планот кој содржи 12 точки и кој го отвори патот кон ткн „тврд Брегзит“, главниот фокус е ставен на глобалните договори за слободната трговија.
Извор: Макфакс