Британски банкар прогласен виновен за двојно убиство во Хонгконг | Правдико

Правдико

   

Британски банкар прогласен виновен за двојно убиство во Хонгконг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

brekinБританскиот банкар Рурик Џатинг прогласен e за виновен за убиство на две индонезиските жени во Хонгконг, случај што го потресе градот, објави британски BBC.

Судскиот совет заседаваше околу четири часа за да ја донесе конечната одлука за Џатинг, кој ги негираше убиствата. Поротата го прогласи за виновен по двете точки од обвинението.

Осакатените тела на Сумарти Нингиш и Сененг Мујасих беа пронајдени во станот на обвинетиот во ноември 2014 година.

Убиство носи задолжителна доживотна казна во Хонгконг.

Семејствата на двете жртви објавија изјави повикувајќи на строга казна за Џатинг како и надомест за смртта на жените, бидејќи тие биле главни хранители.

Семејството на Мујаши изјави дека тие се „уништени” и се надеваат дека убиецот ќе биде погубен ако е можно. Семејството на Нингиш ја повика индонезиската влада да обезбеди стипендија за седум-годишниот син.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико