Британски пратеник поднесе оставка поради дрогирање со проститутки | Правдико

Правдико

   

Британски пратеник поднесе оставка поради дрогирање со проститутки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eb5a7ecd-0e75-4993-8dfe-8bdf966d4319-CB6E9BFC2F8E15409C3A67354726D1A8Британскиот лорд Севел поднесе оставка на местото пратеник во Горниот дом на Парламентот, откако беа објавени тајно направени видео снимки, на кои се гледа како тој се дрогира во присуство со проститутки.

Снимките ги објави во неделата весникот „Сан он Сандеј“, предизвикувајќи скандал и шокираност во британската политичка јавност, затоа што Севел не беше само член на Горниот дом, туку и негов заменик-спикер и претседател на Комисијата за привилегии.

Во писмото испратено до секретарот на Горниот дом, лорд Севел изразува жалење за штетата што ја предизвикал за Парламентот со своето однесување и јавно се извинува.

„Најдоброто што може сега да го направам за парламентот е да се повлечам целосно од него“, вели во своето писмо со оставката лорд Севел.

Претходно, лордот поднесе оставка и на функциите заменик-спикер и претседател на парламентарната комисија, а сега се соочува и со полициска истрага.

Лондонската полиција потврди дека започнала да го испитува неговиот случај и дека веќе бил извршен претрес во неговата куќа во британскиот главен град.

Целиот случај околу дрогирањето на нејзиниот заменик, полицијата и’ го предала спикерот на Горниот дом, баронесата Д’Соуза, веднаш по појавувањето на снимките во „Сан он Сандеј“.

Медиумите во Лондон пишуваа дека Севел, поранешен лабуристички пратеник и едно време заменик-министер за Шкотска во Владата на Тони Блер, нема целосно да се повлече од Парламентот. Тој сепак се одлучи на заминување од британската политика, по притисокот што врз него го извршија, медиумите и другите парламентарци.

Извор: Емагазин.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико