Британски визи од 26 март во Скопје | Правдико

Правдико

   

Британски визи од 26 март во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Mакедонските граѓани на кои им е потребна британска виза oд 26 март годинава ќе можат апликациите да ги доставуваат до компанијата „Телеперфорнанс“, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.
vizaКанцеларијата на компанијата ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот од понеделник до среда. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.
За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство.
Повеќе информации околу измените во врска со начинот на работа, граѓаните ќе можат да добијат преку веб страницата на Амбасадата на Велика Британија.
Македонските граѓани од пред околу две години досега мораа за британска виза да одат во Белград, соседна Србија.
Извор:24 вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико