Британскиот Парламент ќе гласа за планот за предвремени избори | Правдико

Правдико

   

Британскиот Парламент ќе гласа за планот за предвремени избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британските пратеници денеска треба да гласаат за планот на премиерката Тереза Меј за одржување на општи избори во јуни. Предлогот на Меј за одржување предвремени избори на 8 јуни се очекува да обезбеди двотретинско мнозинство во Долниот дом на Парлментот за да оди напред.

Во пресрет на гласањето, Меј рече дека предвремените избори ќе ја зајакнат на „најважната точка“ во британските разговори со Европската унија (ЕУ) за излезот на земјата од блокот.

Опозициската Лабуристичка партија и Либерално-демократаската партија ги поздравија предвремените избори, додека Шкотската национална партија (СНП) ги повикаа нивните пратеници да се воздржат од гласање. Меј направи изненадување со повикот за предвремени избори велејќи дека на Британија и треба сигрност и стабилност во пресрет на минатогодишниот референдум за излез од ЕУ.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико