Британскиот суд одлучи: Асанж нема да биде екстрадиран во САД | Правдико

Правдико

   

Британскиот суд одлучи: Асанж нема да биде екстрадиран во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британскиот суд го отфрли американското барање за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за да се соочи со обвиненија за објавување тајни американски воени документи, поради загриженост за неговото ментално здравје. Лондонската судијка Ванеса Бараистер денеска изнесе докази за самоубиствените мисли на Асанж и рече: „Вкупниот впечаток е – Депресивен и понекогаш очаен човек кој се плаши за својата иднина“.

Владата на САД соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката. Асанж во Соединетите држави се соочува со 17 обвиненија за шпионажа и едно обвинение за злоупотреба на компјутер во врска со објавувањето на илјадници воени и дипломатски документи на Викиликс во 2010 и 2011 година. Неговите адвокати велат дека тој може да оди во затвор од 30 до 40 години, но обвинителите изјавија дека ќе се соочи со затвор не повеќе од околу пет години.

Асанж беше уапсен во Лондон на барање на САД откако беше протеран во април 2019 година од Еквадорската амбасада, каде се наоѓаше во засолниште од 2012 година, откако Еквадор му додели политички азил.

Адвокатите на Асанж велат дека обвинението е „политички мотивирана злоупотреба на моќта што ќе ја задуши слободата на печатот и ќе ги изложи на ризик новинарите ширум светот“. Асанж страда и од проблеми со менталното здравје, вклучително и склоности кон самоубиство, кои можат да се влошат доколку биде затворен во САД, соопшти неговиот тим за одбрана.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико