Британците го обвинуваат Путин за убиство на руски шпион | Правдико

Правдико

   

Британците го обвинуваат Путин за убиство на руски шпион

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Убиството на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко “веројатно” беше овластено од страна на рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во одлуката на британскиот суд, пренесува Би Би Си. Истрагата за неговата смрт започна во јануари 2015 година и претседател на истражниот суд Сер Роберт Овен изјави дека веројатно претседателот на Русија потпишал наредба за неговото убиство.

3a92af778ff5d8bc6f80c9f515e1b43a

Литвиненко почина на возраст од 43 во Лондон во 2006 година, а причина за неговата смрте е труење со радиоактивен полониум, за кој се верува била ставен во неговата чаша чај.

Истрагата за околностите на неговата смрт, започна во јануари 2015 година.

Претседателот на истражниот суд Сер Роберт Овен, посочи дека веројатно Путин го потпиша неговото убиство поради долгогодишнa одмазда.

Руските медиуми, исто така, објавија дека британската истрага откри дека зад убиството се највисоките руски претставници без да се спомене името на претседателот Путин.

Препорачуваме

Партнери на Правдико