Бројот на блокирани сметки над 200 илјади | Правдико

Правдико

   

Бројот на блокирани сметки над 200 илјади

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бројот на граѓани што не можат навреме да си ги намират личните парични обврски кон банките, компаниите или државата, е во драматичен пораст. Односно, или не ги плаќаат навреме ратите на кредитите или платежните картички, или доцнат со редовното намирување на сметките за струја, вода или парно, или пак не ги плаќаат персоналниот и данокот од доход. Додека расте бројот на блокирани сметки на физички лица, долговите на фирмите се одржуваат на речиси исто ниво одреден период, според бројот на блокирани сметки.

C81B9022C268004FB759B5C6AF5AE9EF

Според последните податоци на Народна банка на Македонија, заклучно со јануари годинава, вкупниот број блокирани сметки се искачил на 212.085, од нив на физички лица отпаѓаат 146.085, а на правни лица 65.685 сметки.

Ако минатата и претходната година постојано се зголемуваа фирмите кои ја губеа моќта за намирување на обврските, оваа година трендот на неплаќање, поради што расте бројот на блокирани сметки, се префрли кај физичките лица.

Тоа покажува дека се’ повеќе граѓани се под блокада по основ на судски решенија за наплата на достасани долгови.

Бројот, пак, на фирмите што имаат блокирани жиро-сметки поради извршни решенија за неплатени обврски кон банки, долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата веќе подолг период е ист.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико