Бруто плата 2016: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси | Правдико

Правдико

   

Бруто плата 2016: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

f0562958-3a71-4c41-8aca-9de0b9cc5ec0-Accountancy_SubImageПросечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2016 година изнесува 32.268 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2016 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за примањата од работен однос изнесува387.216,00 денари (12 x 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за самовработено лице изнесува 258.144,00 денари (8 x 32.268)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН)http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81 која го содржи новиот параметар.

Screenshot_3

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2016 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико