Бруто плата за 2015 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2015 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 189.864,00 денари (6 x 31.644)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 28.01.2014 година (кликни тука), која го содржи новиот параметар.