Бубевски: Одложувањето на затворската казна за Јанкуловска е недозволиво | Правдико

Правдико

   

Бубевски: Одложувањето на затворската казна за Јанкуловска е недозволиво

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителот во СЈО Гаврил Бубевски, денеска ја коментираше одлуката на Врховниот суд со која на Гордана Јанкуловска и се одложи издржувањето на казната затвор.

Јанкуловска е  осудена на 4 години затвор за случајот „Тенк“ и на 1 јули требаше да почне со отслужување на казната.

„Сметам дека Законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни една година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но законот за извршување на санкции е така регулиран“ нагласи обвинителот  Бубевски.

Врховниот суд јавно не ја објави својата одлука ниту ги образложи причините зошто донел таква одлука. Од Врховниот суд за НОВА кажаа дека одлуката била донесена „согласно оценката на советот дека се исполнети условите предвидени во член 466 став 4 од Законот за кривична постапка.

А,во членот 466 став 4 пишува само дека имаат право да донесат таква одлука.

„Првостепениот суд или судот надлежен за одлучување по барањето, со оглед на содржината на барањето може да определи да се одложи, односно да се прекине извршувањето на правосилната пресуда“- пишува во членот на кој се повикува Судот без конкретно да одговори кои аргументи што ги навела Јанкуловска биле клучни за да се донесе одлуката.

Одлуката за одложување на казната ја донел совет во кој биле судиите: Јово Вангеловски, Ристо Катевеновски, Џемаили Саити, Рахилка Стојковска и Африм Фидани.

Врховниот го одложи издржувањето на затворската казна за Јанкуловска се додека не донесе одлука по барањето за  вонредно преиспитување на правосилната пресуда  за Тенк. Јанкуловска беше осудена на 6 години затвор за случајот „Тенк“, но по жалбата во Апелација, затворската казна и беше намалена на 4 години затвор.

Обвинителот Бубевска кажа и дека е симптоматично Врховен да го одложува извршувањето на казната само кога се работи за високи функционери, како што е Јанкулоска во случајов, но и како што беше случајот со Владо Бучковски во минатото.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико