Буџетот за 2018 година денеска на седница на Влада | Правдико

Правдико

   

Буџетот за 2018 година денеска на седница на Влада

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска ќе ја одржи 37. седница, на која ќе го разгледа и ќе донесе одлуки за предлог-буџетот на државата за 2018 година, соопшти владината прес-служба.

На седницата, како што информираат оттаму, Министерството за финансии ќе го достави на разгледување и предлог-законот за извршување на буџетот за 2018 година.

Покрај буџетот, на дневен ред на денешната седница се уште неколку точки од кои една се однесува на кадровски прашања.

Седницата е закажана за доцна попладне, односно во 18 часот.

Инаку, според податоците што министерот за финансии, Драган Тевдовски ги презентираше пред јавноста, граѓанските организации и пред претставниците на стопанските комори, буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ.

Најголеми реакции во јавноста и кај стручната фела предизвика планираното зголемување на акцизата за нафтата за три денари. Тевдовски го бранеше ваквото решение тврдејќи дека зголемувањето на акцизата нема да ја зголеми инфлацијата.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико