Бугарија: Апсење на царински службеници заради корупција | Правдико

Правдико

   

Бугарија: Апсење на царински службеници заради корупција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарската полиција на преминот Капетан Андреево на границата со Турција уапси 33 царински службеници, а акцијата е спроведена во рамките на истрагата за корупција.

Kapitan-Andeeovo

Во текот на акцијата, границата со Турција беше затворена, а портпаролот на обвинителството Даниел Попов вели дека цариниците се осомничени за помагање на организирана криминална група.

Државниот јавен обвинител Сотир Кацаров, рече дека сите уапсени работеле во попладневната смена, и додаде дека во текот на полициските проверки во пет градови во близина на границата пронајдени се 50 илјади евра во кеш.

Според обвинителството, царинските службеници се осомничени дека за 5300 € пропуштале возила без никаква контрола.

Премиерот Бојко Борисов рече дека во рамките на истрагата ќе бидат сослушани околу 100 луѓе.

Капетан Андреево е најголемиот и најпрометен граничен премин на Балканот и претставува спој на патиштата за криумчарење на луѓе и стока, каде што се фатени многу илегални мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на ЕУ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико