Бугарија ги зголемува казните за незаконско преземање фирми | Правдико

Правдико

   

Бугарија ги зголемува казните за незаконско преземање фирми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарското Министерство за правда вчера предложи измени во Кривичниот законик на Бугарија, со кои се предвидува зголемување на казните за обиди за противзаконско преземање фирми.

cetiri-381-

Како што јави БТА, за обид за „кражба на фирма“ со што се нанесени штети од „особено големи размери“, со измените се предвидува затворска казна во траење до 10 години, како и можност за конфискување на имот.

За криминални активности со кои се прави обид за преземање контрола врз правно лице, се предвидува казна затвор во траење од една до шест години.

Со сегашните законски одредби за вакво кривично дело беше предвидена затворска казна до две години, а во случај ако сторителот на делото не е претходно осудуван, му се одредуваше парчина казна од 1.000 до 5.000 лева (од 500 до 2.500 евра).

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико