Бугарин се обидел да пренесе 22 килограма марихуана преку Блаце | Правдико

Правдико

   

Бугарин се обидел да пренесе 22 килограма марихуана преку Блаце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарски државјанин се обидел преку граничниот премин Блаце да пренесе 22 килограма марихуана. Дрогата била скриена во специјално направен бункер во неговиот автомобил.

Царинската управа соопшти дека вчера околу 18.30 часот на граничниот премин Блаце за влез во државата се пријавил бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин од село Белаковец.

И покрај тоа што возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, возилото било селектирано за детаљна царинска контрола.

Под предните седишта на возилото бил откриен специјално направен бункер по целата должина на левата и десната страна од подот. Во левиот дел од бункерот биле пронајдени 12 пакувања со марихуана, а во десниот уште 13.

Истрагата покажала дека осомничениот по претходен договор со лице од Косово се согласил да пренесе поголема количина марихуана до западноевропските земји за паричен надомест од 3.000 евра.

Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а судот му одреди притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико