Бугарската новинарка Викторија Маринова силувана и убиена во градот Русе | Правдико

Правдико

   

Бугарската новинарка Викторија Маринова силувана и убиена во градот Русе

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарската полиција го истражува убиството на новинарката која се занимавала со истражувачко новинарство, Викторија Маринова. Нејзиното тело вчера било најдено во парк во градот Русе.

Според информациите од медиумите, 30-годишната новинарка била силувана и убиена. Не е јасно дали убиството е поврзано со нејзината работа во локалната телевизија ТВН. Истрагата го проверува нејзиниот приватен и професионален живот.

Маринова известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Смртта на новинарката веднаш предизвика меѓународна осуда. Организации за борба против корупција и членови на ЕП повикаа на темелна истрага за смртта на новинарката.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико