Бугарските камионџии ги блокираа сите гранични премини со Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бугарските камионџии ги блокираа сите шест контролни пунктови долж границата со Грција, во знак на протест поради повеќенеделните повремени блокади на грчките земјоделци.
На граничните премини има долги редици камиони и автомобили, а само на пешаците им е дозволено да ја преминат границата, пренесува АФП.
Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата додека грчките земјоделци не ги отстранат сите камиони и не ги ослободат сите патишта кон Бугарија.
Бугарскиот парламент издаде специјална декларација во која се апелира Европската унија да покрене прекршочна постапка против Грција заради прекршување на европските закони за слобода на движење на стоката.
Извор: Мета