Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош | Правдико

Правдико

   

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по шпекулациите дека поранешниот премиер избегал во Унгарија со бугарски пасош.

„Според податоците од Министерството за внатрешни работи, на Груевски не му е издаден бугарски пасош“, соопшти Мистерството за правда на Бугарија, пренесува Бгнес.

Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО односно за спорната набавка на „мерцедесот“ од 600 000 евра, избега во Будимпшета каде побарал политички азил. Македонските власти информираа дека ќе бараат негова екстрадиција. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека ќе направат сè што е во нивна надлежност за Груевски да се врати во Македонија и да ја отслужи казната.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико