Бугарското собрание едногласно го усвои договорот со Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бугарското собрание денеска едногласно усвои декларација за поддршка на потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија.
За декларацијата гласале сите 206 пратеници присутни на собраниската седница.
Во неа собранието ги оценува како позитивни напорите на владите на Бугарија и на Македонија за финализирање на преговорите за договорот за пријателство, добрососедство и соработка и очекува тој да биде потпишан во согласност со она што претходно го договорија двете страни.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов им се заблагодари на пратениците за искажаната поддршка кон владата за потпишувањето на овој договор.
Извор: Макфакс