Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков | Правдико

Правдико

   

Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во бугарскиот Парламент денеска започнува расправата за гласање на недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков. Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата.

Во меѓувреме Ангел Џамбаски и Александар Сиди, двајцата копретседатели на бугарската партија ВМРО, заедно со неколку партиски симпатизери, го блокираа излезот од зградата во која живее Петков.

Во објава на Фејсбук, Џамбаски рече дека тој и неговите колеги сакаат да разговараат со премиерот и да го слушнат неговиот став за Француски предлог за спорот со Северна Македонија. Џамбазки додаде дека ВМРО не прифаќа „никакво повлекување од каузата Македонија“ и „бугарскиот интерес“, без да прецизира што значи тоа.

Во 12 часот партијата организира протест пред Народното собрание насловен „Не ја изневерувајте Македонија“. Протести се најавени и на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.

Воедно и поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат”.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико