Букурешкиот мировен договор (македонска верзија)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Букурешкиот договор од 10 август 1913 година бил договор потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија,Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.
Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романијасо својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад, а отоманската војска вршела напади од исток.
Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин штонејзиниот најголем дел, односноЕгејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот делсо 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 км2 со 303.000 жители.
Превземете го договорот на македонски ТУКА