Бунт во затвор во Рио, затворениците зеле чувари како заложници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца затвореници се убиени кога безбедносните сили влегле во затворот „Милтон Диас Морерира“ во Рио де Жанеиро, во кој избувнал бунт.
Во нередите осум чувари и 10 затвореници биле земени како заложници, но по интервенцијата на полицијата биле ослободени. Според службениците во затворот, побуната почнала во недела попладне. Инаку, во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казна издржуваат повеќе од 2.000 луѓе.
Овој инцидент е последен во серијата насилства во бразилските затвори кои се де факто под контрола на моќните нарко-картели, пренесуваат светските новински агенции. Активистите за човекови права тврдат дека условите во повеќето затвори во земјата се како од средниот век, односно дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни што затворениците немаат место за лежење.
Извор: Макфакс