Правдико

Македонија

 
 

Објавено: 04/12/2019

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Милески е осуден за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Тој има право на жалба до Апелациониот суд само во делот на висината на казната.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Семејно насилство и неговите видови

Семејното насилство е доста чувствителна тема, за која долг временски период  не постоела соодветна правна регулатива во нашето законодавство.  Најчесто се дефинира како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите. Неспорно…


 
 

Објавено: 03/12/2019

Камчев бара 1,5 милиони евра од Јанева и Јовановски

Адвокатот на Орце Камчев, Александар Михајловски, пред судот рече дека предјавува имотно-правно побарување од 1,5 милион евра. Обвинителката Вилма Русковска рече дека за ова кривично дело противзаконско влијание нема оштетени, има само сведоци.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде

Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде, изјави Бојан Јовановски на судењето за „Рекет“.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Владата ја прифати иницијативата за автентично толкување на членот од Законот за помилување

Владата на денешната редовна седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Пресуда за Зоран Милевски – Кичеец утре напладне

Пресуда за третообвинетиот Зоран Милевски  во предметот „Рекет”, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по признанието на вина ќе биде објавена утре напладне.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Кривични против четири лица врз кои беше пукано во хотелот „Александар палас“

До Основното јавно обвинителство, полицијата поднесе кривични пријави против четри лица врз кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас.


 
 

Објавено: 03/12/2019

Хелсиншки : Децата со попреченост и нивните семејства се соочуваат со предрасуди и дискриминација

На 3 декември секоја година, почнувајќи од 1992 година, се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигање на свеста за нивните права. Оваа година, Меѓународниот ден се фокусира на зајакнување на лицата…


 
 

Објавено: 03/12/2019

Случај „Рекет“: Јовановски, Милески и Јанева денеска на клупа во Кривичен

За денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано првото рочиште за предметот „Рекет“ што беше отворен во јули оваа година. Првоосомничени во случајот се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец за примање награда за противзаконско…


 
 

Објавено: 02/12/2019

Автомобил удри во пешак во Битола

Седумдесет и деветгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил во Битола.


Партнери на Правдико