Вести | Правдико - Part 1381

Правдико

Вести

 
 

Објавено: 28/05/2014

За кражбата во музејот поднесено обвинение за седуммина

Според обвинението, за отуѓување културно наследство од особено значење, државна сопственост, обвинети се З.В., виш кустос, златарот Ч.К. и Ј. П., кој се товари и за злоупотреба на службената положба и овластување.


 
 

Објавено: 28/05/2014

Масовно судење на стадион во Кина

Околу 7.000 луѓе и високи функционери на Комунистичката партија во префектурата Или присуствувале на јавното масовно судење и „казнување на групата насилни терористи и криминалци согласно законот“.


 
 

Објавено: 28/05/2014

Врховниот суд вторпат ја укина казната за Кирил Тодоровски

Врховниот суд ја укинал пресудата против поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Kирил Тодоровски, кој двапати беше осуден на три години затвор за поткуп кој го зел при изградба на црквата „Свети пророк Илија“


 
 

Објавено: 28/05/2014

Белата куќа по грешка објави име на агент на ЦИА

Белата куќа по грешка објави име на виш агент на ЦИА во Авганистан, во време кога претседателот Барак Обама беше на претходно необјавена посета на земјата.


 
 

Објавено: 28/05/2014

Оланд бара реформа на ЕУ

„Моја задача е да ја реформирам Франција и да ја пренасочам Европа“, истакна францускиот претседател, по катастрофалниот пораз на неговата партија на изборите за европскиот парламент.


 
 

Објавено: 27/05/2014

Штрајкот бил нелегален во Дрекслмаер, отпуштени се 19 работници

Работниците имаат свои очекувања од нас но и ние од нив. Тие кои мораа да си заминат не се придржуваа кон одредбите од договорите кои ги потпишаа и затоа нема да бидат вратени на работа.


 
 

Објавено: 27/05/2014

На Ставриќ му била нудена спогодба за 6 месеци затвор

Очниот лекар Дејан Ставриќ и покрај досудената затворска казна и одлуката да му се укине притворот, останува во Истражниот затвор Скопје. Кога ќе биде пуштен на слобода – зависи од одлуката на Обвинителството.


 
 

Објавено: 27/05/2014

И малите фирми ќе добијат ефтина струја

Трите компании од енергетскиот сектор ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО до Регулаторна комисија за енергетика доставија барања за одобрување регулиран максимален приход.


 
 

Објавено: 27/05/2014

ЗНМ бара ниски казни за медиумите

Здружението на новинарите на Македонија е сериозно загрижено поради високите драконски казни изречени против неколку национални телевизии од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за непочитување на обврската за емитување на македонска музика.


 
 

Објавено: 26/05/2014

Очниот лекар Дејан Ставриќ осуден на една година затвор

Една година затвор, ослободување од притвор до правосилноста на пресудата – гласи пресудата на Основниот суд Скопје 1 против очниот лекар Дејан Ставриќ, кого Судот го осуди во експресна постапка и само едно рочиште.


Партнери на Правдико