Правдико

Свет

 
 

Објавено: 20/08/2020

Советот за безбедност го осуди пучот во Мали

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди бунтот во Мали и ги повика војниците вклучени во пучот веднаш да ги ослободат сите заробени владини службеници и без одлагање да се вратат во нивните касарни.


 
 

Објавено: 20/08/2020

Германија воведува закон за задолжително шетање на кучињата двапати на ден

Следната година во Германија ќе се донесе закон според кој сопствениците на кучиња ќе треба да ги шетаат своите миленичиња двапати на ден, наведува „Гардијан“. Германската министерка за земјоделство Јулија Клекнер изјави дека новиот закон…


 
 

Објавено: 18/08/2020

ОБСЕ нуди посредување за дијалог во Белорусија

Претседателството на ОБСЕ на белоруската влада ѝ предложи посредување за да се воспостави „отворен и конструктивен дијалог“.


 
 

Објавено: 18/08/2020

Швајцарските научници: Инфицираните со коронавирус се заразни пет или шест дена пред да се појават симптомите

Новите откритија на Техничкиот универзитет (ЕТХ) во Цирих би можеле да го променат начинот на кој се бараат контактите на коронавирусот на позитивно тестираните луѓе, бидејќи излезе дека тие се заразни многу порано отколку што…


 
 

Објавено: 18/08/2020

Екс службеник на ЦИА уапсен за шпионажа во корист на Кина

Поранешен офицер на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) е уапсен во САД и е обвинет за шпионажа за Кина, соопшти Министерството за правда на САД, на 17 август. Александар Јук Чинг Ма (67) се соочува со…


 
 

Објавено: 14/07/2020

„Фејсбук“ размислува за забрана за политичко рекламирање пред изборите во САД

„Фејсбук“ размислува за забрана за политичко рекламирање на својата социјална мрежа пред претседателските избори во САД во ноември. Ова го тврдат луѓето запознаени со можностите во таа компанија, пренесува „Ројтерс“.


 
 

Објавено: 24/06/2020

Уапсени 3 лица за продажба на бебиња на Инстаграм во Иран

Иранската полиција соопшти дека три лица се уапсени во главниот град Техеран за обид да продадат новороденчиња преку социјалната мрежа Инстаграм. Шефот на полицијата, Хосеин Рахими изјави дека две бебиња, едното 20 дена, другото два месеци биле пронајдени кај уапсените кои тврдат дека ги земале од сиромашни семејства за „мала надокнада“.


 
 

Објавено: 18/06/2020

Полицаецот кој го застрела Рејшард Брукс е обвинет за убиство

Полицаецот во Атланта, кој во минатата недела пукаше кон афроамериканецот Рејшард Брук, на паркингот на еден ресторан за брза храна, е обвинет за убиство, соопшти обвинителство во Џорџија. Смртта на 27-годишниот Брукс, последен на списокот на Афроамериканци убиени од полицајци, дополнително ги влошија расните тензии во Соединетите држави во време кога во државата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност.


 
 

Објавено: 18/06/2020

Европскиот суд ги прогласи за незаконски унгарските ограничувања за невладините организации

Унгарскиот закон со кој се бара невладините организации јавно да ги посочат своите донатори од странство го крши законот на Европската Унија за заштита на основните права, пресуди денеска Европскиот суд на правдата (ЕСП). Ограничувањата…


 
 

Објавено: 09/06/2020

Турција нареди апсење на 414 осомничени за врски со Фетула Ѓулен

Турските власти наредија притвор за 414 лица, главно воени лица, под сомнение за врски со мрежата за која Анкара вели дека го организирала неуспешниот пуч во 2016 година, соопштија обвинителите и државните медиуми, пренесе Ројтерс….


Партнери на Правдико