Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Скопје во моментов има 1.323 активни случаи на коронавирус. Само денеска регистрирани се 97 случаи во главниот град, а починале и петмина скопјани во изминатите 24 часа.
Според податоците на Министерството за здравство, најголемо жариште и понатаму е скопската општина Чаир каде во моментов има 302 заболени.
Зад Чаир се општините Аеродром и Бутел со 118 и 110 заболени лица.
Понатаму, во Гази Баба има 104 активни случаи, Центар – 105, Карпош – 94, Сарај – 96, Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52, Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33, Илинден – 27, Петровец – 9, Чучер Сандево – 7, Сопиште – 8, Зелениково-1.
Вкупно, во изминатите 24 часа во Македонија регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, починаа 8 лица, а оздравени се 34 пациенти.
Извор: Макфакс