Правдико

   

Чауш направил инцидент на пауза од денешното рочиште за „Фабрика за афери“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Захир Бекири-Чауш на паузата од денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 направил инцидент.

Zahir-Bekiri-CHaush

Тој пред судницата, со раце врзани со лисици, почнал да извикува „Алаху акбар“ (Алах е голем), а десетина припадници на ЕБР се обидувале да го задржат.

Бекири упатил и неколку пцости и навреди до припадниците на полицијата.

На денешното рочиште предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството.

Бекири се товари за аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи. Скопското обвинителство поднесе обвинение против него и неговиот брат И.Б.

Бекири ќе одговара за три кривични дела, односно за изработување и за набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и за злоупотреба на лични податоци.

Извор: Мета

Партнери на Правдико