Чавков: “Хуман однос и заштита на мигранти во нивниот трансфер низ Македонија“ | Правдико

Правдико

   

Чавков: “Хуман однос и заштита на мигранти во нивниот трансфер низ Македонија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот Чавков заедно со автрискиот министер за надворешни работи Курц во посета на јужната граница

kurzzz-CHAVKOV-02

“Со околу 800 припадници на полициските сили и помошта од АРМ успешно се справивме со наплив од 8.000 бегалциво саботата во Гевгелија, но ескалацијата од ден на ден е се поголема поради неконтролираниот влез на мигрантите од грчка страна. Наша примарна цел е хуманиот однос и третман кон мигрантите и нивна заштита во трансферот низ Македонија.” Ова го истакна министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков кој денес заедно со шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија. “Од безбедносен аспект успеавме да ги заштитиме од организирани групи и криминални мрежи кои ги прифаќаа и нелегално ги превезуваа до Србија”, истакна Чавков. “Наша проценка е дека ескалацијата ќе продолжи и оти е нелогично што проблемот ни доаѓа од земја-членка на ЕУ со која немаме никакви контакти во тој дел, поради што очекуваме конкретна помош од Европската унија“.

Исто така министерот Чавков информираше дека наскоро во Македонија за изнаоѓање заеднички решенија околу бегалската криза ќе се состанат министрите за внатрешни работи на Австрија, Унгарија, Србија и Македонија.

“Ситуацијата во Македонија е драматична, земјата е оставена сама да се справува со големиот број мигранти и затоа ЕУ мора да помогне. Неопходен е заеднички пристап и не смее понатаму да се дозволи во Македонија да влегуваат нерегистрирани мигранти од Грција. Европската унија конечно мора да погледне и на бегалската рута низ Македонија, а не само на таа во Италија. Долгорочно решение на проблемот е можно само ако се договорат кризните држави. Во секој случај, Австрија ќе помогне и ќе соработува со македонската Влада“, истакна министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц.

Инаку, министрите Чавков и Курц во прифатниот камп во близина на границата со Грција, разговараа со претставници на мигрантите, на претставниците на УНХЦР и на невладините организации активни на теренот, ооколу моменталните состојби и начините за олеснување на бегалската криза. При посетата во Гевгелија, двајцата министри направија обиколки на транспортниот центар и граничната линија со Грција како места на кои се собираат бегалците

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико