Чеченот уапсен во врска со нападот во Париз работи во Агенцијата за имиграција | Правдико

Правдико

   

Чеченот уапсен во врска со нападот во Париз работи во Агенцијата за имиграција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пријателот на напаѓачот од Париз, Чеченот Хамзат Асимов, бил вработен во француската Агенција за имиграција и се оженил со жена позната како радикален исламски екстремист, пренесува „Брејтбарт“.

Абдул Хаким А., кој беше уапсен во неделата по терористичкиот напад во кој чеченскиот имигрант Камзат Асимов прободе неколку луѓе во Париз, при што загина еднo, а беа повредени четири други лица, бил сметан за умерен муслиман и бил вработен во Канцеларијата за имиграција во Стразбур од јануари, објави францускиот весник „Уест Франс“.

Според извештаите, Абдул Хаким А. е роден во чеченскиот главен град Грозни во 1997 година и се преселил во Франција со својата мајка кога имал 13 години. Тој се спријателил со терористот Асимов во средно училиште. Иако им рекол на иследниците дека е умерен муслиман, Абдул Хаким се оженил за жена позната како радикален исламски екстремист, која се обидела да отпатува за Сирија. Француските разузнавачки служби, наводно, почнале да го држат парот под надзор набргу по нивната венчавка.

При претресот во неговиот дом, полицијата открила седум мобилни телефони, иако Абдул Хаким А. тврдел дека го изгубил својот главен телефон. Генералниот директор на француската Канцеларија за имиграција и интеграција, Дидие Леши, вели дека Абдул Хаким А. пред вработувањето бил проверен и немал криминално минато.

Нападот во Париз доаѓа само неколку месеци откако германскиот историчар Кристијан Остхол предупреди дека Чечените ја преземаат радикалната исламска сцена во еден регион на Германија и дека многумина имаа врски со терористичката Исламска држава. Чеченските исламистички банди го спроведуваат шеријатскиот закон во своите заедници во Берлин често принудувајќи ги чеченските жени да се придржуваат на строга форма на скромност или да се соочат со закани и заплашување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико