Чешка и Словачка не ги одобруваат санкциите против Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Премиерот на Чешка Бохуслав Соботка изјави дека властите во Чешка и Словачка гледаат со скептицизам за дополнителните санкции против Русија и сметаат дека сето тоа ќе има негативни последици на целата економија во Европската Унија.
Одлуката за преземање на дополнителни санкции врз Русија мора да се донесе на ниво на претседателите и владите на европските држави. Во тој случај Чешка ќе гласа против воведување на нови санкции, изјави Соботка и додаде дека и властите во Словачка го имаат истиот став.
–ПРАВДИКО–