Чешка отвори центар за борба против лажните вести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Чешка отвори центар за борба против лажните вести и дезинформации на интернет.
Во новиот центар отворен во недела ќе бидат вработени 30 луѓе чија работа нема да биде само идентификување на лажни вести, туку и борба против пропагандата на странските влади.
Центарот за време на пробната работа идентификуваше и ги означи како лажни извештаите за терористички напад во Прага, кои стигнаа по минатонеделниот напад со камион на божикниот саем во Берлин.
Стручњаците од прашкиот тинк-тенк Европски вредности се загрижени околу сѐ поголемото влијание на руските медиуми, па стравуваат дека Москва на есен би можела да влијае врз парламентарните избори во државите од централна Европа.
Чешкиот претседател Милош Земан го критикуваше отворањето на центарот.
„Не ни треба цензура. Не ни треба мисловна полиција. Не ни треба нова агенција за медиуми и информации сѐ додека сакаме да живееме во слободно и демократско општество“, рече Земан во божикното обраќање.
Министерот за внатрешни работи претходно изјави дека центарот нема да се користи за цензура на медиумите и интернетот.
Извор: Макфакс