Чешки медиуми: Европската Комисија утврди судир на интереси кај премиерот Бабиш
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската комисија (ЕК) утврди дека чешкиот премиер Андреј Бабиш е во судир на интереси поради неговата деловна империја што ја остави во надлежност на доверителски фондови, објави чешкиот весник „Респект“, повикувајќи се на неименувани извори. Од ЕК соопштуваат дека ги доставиле резултатите од истрагата до чешките власти.
Чешкиот весник нагласува дека информациите за документот доаѓаат од два извора запознати со содржината. Според западни медиуми, информации за документот нема ниту портпаролот на групацијата „Агроферт“, во која се сместени најголемиот дел од средствата на Бабиш, чија вредност според Форбс е околу 3,5 милијарди долари.
Компаниите во рамки на „Агроферт“ групата се приматели на најголеми субвенции од ЕУ за спроведување земјоделски и инвестициски фондови во Чешка.
Извор:НоваТВ