Чешкиот премиер ќе го разреши министерот за образование заради мобинг | Правдико

Правдико

   

Чешкиот премиер ќе го разреши министерот за образование заради мобинг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка наредните денови ќе предложи разрешување на министерот за образование Марцел Хладек заради наводен мобинг врз подредените во Министерството

mobing-486x272

Предлогот за разрешување доаѓа по текстот кој го објави дневниот весник Млада Фронта Днес (МФД) во кој информираше дека за 16 месеци откако Хладек го води Министерството за образование девет жени дале отказ, а десетата побарала неплатено отсуство.

Весникот објави изјави на вработени кои тврдат дека министерот употребувал навредливи зборови кон нив.

– Си заминав и поради неговите коментари. Ми велеше дури и дека изгледам ,,вкусно” и тоа пред други луѓе што мене ми пречеше – ја цитира весникот поранешната асистентка Анета Лачевова, која со министерот подолго време соработувала и пред да стапи на функцијата.

Премиерот Соботка до медиумите испрати соопштение во кое вели дека Хладек е еден од најдобрите министри за образование во последните десет години, но не може да ги занемари информациите кои ги објави медиумот.

Соботка додаде дека иако МФД не може да се смета за независен медиум бидејќи е во сопственост на претседателот на движењето АНО и министер за финансии Андреј Бабиш, сепак по такви информации не може функционер да остане член на Владата.

Хладек ги отфрли обвинувањата за мобинг, тврдејќи дека е само строг шеф кој бара добро да се извршува работата.

Разрешувањето, се очекува идната недела да го изврши претседателот на државата Милош Земан.

Хладек, функцијата ја извршуваше од јануари минатата година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико