Честитка по повод Националниот ден на Власите од претседателот на ДСВМ Никола Бабовски | Правдико

Правдико

   

Честитка по повод Националниот ден на Власите од претседателот на ДСВМ Никола Бабовски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„На сите припадници на влашката заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија, им го честитам денешниот ден 23 Мај – Национален ден на Власите.

Власите дадоа голем историски, културен и општествено-политички придонес во градењето на нашата заедничка држава, Република Македонија.

Денес, сите заедно сме исправени пред предизвикот за враќање на демократските процеси во нашата земја и влашката зедница има исклучително значајна и конструктивна улога.

Покрај сите предизвици заедничкиот живот помеѓу заедниците во Македонија треба да го унапредуваме секојдневно и тоа нека биде поттик за создавање општество кое ќе обединува.

Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка цел и определба која ќе пидонесе за просперитетна Македонија.

Со одговорно и искрено продлабочување на заедништвото, меѓусебната толеранција и доверба, почитувањето на посебностите и негувањето на сличностите може да обезбедиме стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во Република Македонија.

Честит 23 Мај Национален ден на Власите!“

Претседател на ДСВМ

м-р Никола Бабовски

Препорачуваме

Партнери на Правдико