Правдико

   

Четири лица биле спречени во обид илегално да ја преминат државната граница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 07.05.2020 во 18.30 часот во реонот на с.Живојно, од патролен тим од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, четири лица биле откриени и спречени во обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција.

Поради непоседување документи за идентификација, тие биле приведени во полициска станица, при што бил утврден нивниот идентитет, односно станувало збор за A.Х.(43), E.T.(21), и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Р.Албанија. Со наведеното дејствие тие сториле прекршок по член 9 став 1, а казниво по член 68 ст.1 т.1 од Законот за гранична контрола.

Од страна на Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Битола им било издадено решение за протерување на странец од Р.С.Македонија.

Партнери на Правдико