Четири месеци Апелација не одлучува дали „бомбите“ да се користат како доказ против Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд во Скопје повеќе од четири месеци не отворил предмет по жалбата на СЈО, за издвојување на доказите во предметот „Насилство“, потврдуваат од судот за Макфакс. Оттаму велат дека ги чекаат списите за предметот од Кривичниот суд. СЈО во февруари ја обжали одлуката на судот, „бомбите“ да не се користат како доказ против Груевски. Од Кривичниот суд не одговараа на телефонските повици. Од СЈО за Макфакс велат дека немаат нови информации до каде е жалбата пред второстепениот суд.
Станува збор за обвинението за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, со кое обвинителството на Јанева ги гони лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 обвинети.
Експретседателката на судот, Татјана Михајлова, тогаш излезе со образложение дека во согласност со Законот за кривична постапка и со Законот за заштита на сведоци, не е предвидено во ваков случај за насилство да биде користен заштитен сведок, додека за „бомбите“ образложението беше дека тие се добиени на незаконски начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права.
Извор: Макфакс