Четворица Авганистанци затекнати при растовар на камион | Правдико

Правдико

   

Четворица Авганистанци затекнати при растовар на камион

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четворица државјани на Авганистан биле пронајдени во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, соопшти полицијата.

Возилото било сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М.(49) од Гевгелија.

Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарел во Бурса – Турција. Возачот при разговорот со полицајците, посочил дека пред четири дена го однел возилото на царина во Бурса, и додека бил таму и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран.

Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико